РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС е водечки увозник, дистрибутер и сервисен центар на Македонскиот пазар, за фотокопири и друга канцелариска опрема, кој со својата професионалност и стручност, доживува постојан раст, преку континуирано подобрување на нивото на квалитет.
Ние ја задржавме нашата позиција на пазарот, нагласувајќи ја важноста пред се на нашите клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги исполнуваат и ги надминуваат нивните очекувања.
Посветени сме на континуирано подобрување на воспоставениот Систем за менаџмент со квалитет (ИСО 9001:2015) и Систем за менаџмент со животна средина (ИСО 14001:2015) кој е насочен кон:
– Транспарентност во работата на компанијата;
– Разбирање на контекстот на организацијата;
– Разбирање на потребите и перцепциите на засегнатите страни;
– Размислување базирано на ризиците и можностите за нивно намалување;
– Обезбедување оптимални услови за работа
– Градиме партнерски односи со клиентите, добавувачите и другите засегнати страни преку меѓусебна доверба, лојалност, јасна и отворена комуникација.
– Сите одлуки ги носиме врз база на факти со анализа на релативни податоци, а со помош на расположивите методи.
– Обезбедување на постојано усовршување на знаењето на нашите вработени. Со обука и мотивација на сите вработени, постигнуваме нивното знаење и искуство да придонесат за перманентно подобрување на процесите и резултатите од работата.
– Раководителите и сите вработени градат клима на меѓусебна соработка, доверба и припадност на компанијата кое се заснова на грижа за интересите и потребите на секој работник, односно го поттикнува вклучувањето на работниците во креирањето на работните процеси.
– Непрекинато подобрување постигнуваме со ускладување на работата на сите нивоа, бидејќи тоа е определност на раководството и трајна задача на секој вработен.
– Следење и усогласување со законските барања, барањата на системот за менаџмент со квалитет ИСО 9001:2015, барањата на системот за менаџмент со животна средина ИСО 14001:2015, барањата на клиентите, барањата на засегнатите страни и сл;
– Постојано подобрување на системот за менаџмент со квалитет – ИСО 9001:2015 и системот за менаџмент со животна средина ИСО 14001:2015 , преку систем на мониторинг и контроли;
– Водење грижа за животната средина;
– Да поставиме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет и животна средина;
– Раководството на Рикомак Копир-Сервис се посветува на редуцирање на негативниот ефект од работењето врз животната средина, преку контрола на аспектите кои имаат негативен импакт, како и контрола на остварувањето на општите и посебните цели за заштита на животната средина.
ВИЗИЈА
МИСИЈА
Мисијата на РИКОМАК КОПИР – СЕРВИС ДООЕЛ Скопје e:
Веруваме дека добрата волја и континуираната посветеност во работата се клучни компоненти за напредок и задоволни клиенти во нашата земја. На нашите клиенти да испорачаме квалитетни производи, да им обезбедиме високо ниво на професионализам, имплементација на нови иновативни производи и решенија, коректен и пријателски однос со добавувачите и постојана едукација на вработените како најважни услови за задоволство на крајните корисниците и постојано подобрување во целокупното работење.
Нашите основни вредности се:
– висок и постојан квалитет
– професионализам и експертиза
– прифатлива цена.